fbpx


Физичката присутност како услов за длабока внатрешна промена

 

Денеска живееме во време каде сме опкружени со многу информации, постојано нешто читаме, слушаме и гледаме.Исто така се повеќе стануваме свесни дека ни е потребна внатрешна промена поради околностите со кои се соочуваме во својот живот.Многу од нас се обидуваат со читање книги и прибирање на информации да стигнат до посакуванта цел, некогаш таа промена се случува, но исто така често мислиме дека постојано се вртиме во круг.Имаме чувство дека се движиме, но никаде не стигнуваме. Често се случува да се трудиме да одржиме едно ниво на фреквенција и кога менталниот напор ќе престане, се враќаме на старите обрасци на размислување.

Како се случува внатрешната промена?

Како пример ќе земеме една жена која што има проблем со својата телесна тежина.Она што најчесто го превземаме во тој случај е работа со телото како вежби и исхрана – физичко ниво и промена на начинот на размислување во вид на мотивација преку разни афирмации и позитивни изјави- ментално ниво, со тој начин на делување може да се постигнат резултати на физичко ниво, но она што најчесто се случува е кога ќе опадне мотивацијата и комплиментите околу новиот изглед, личноста се враќа на стариот начин на размислување кој води до истите навики. Прејадување кое доведува до чувство на вина и себеобвинување е образецот поради кој постои проблемот со телесната тежина. Она што недостасува во овој пример е физичката присутност која не води до каузалната причина за телесната тежина, а тоа се емоциите.

Зошто не сме физички присутни?

За време на нашето детство, особено првите години од нашиот живот ние функционираме на осетилна перцепција и со светот комуницираме преку чувствата.Поради тоа децата ги превземаат емотивните содржини на своите родители, затоа често нашиот емотивен живот наликува на животот на нашите родители, не мислам на животните ситуации, туку емоциите кои и самите можеби не си ги признале. Сето тоа е дел од нашиот личен пат кој сме требале да го поминеме, бидејќи тие ограничувања се нашиот неосвестен потенцијал.

Да се вратиме на осетилната перцепција, кога во текот на нашето рано детство ќе се соочиме со ситуации кои создаваат интензивни вибрации на нашето емотивно тело, ние излегуваме од телото и се префрламе на ментално ниво со тоа што се усмеруваме кон иднината обидувајќи се со размислување дека исксутвото ќе помине, да ја намалиме непријатноста во своето тело. На тој начин од состојба на присутно битие кое живее во сегашниот миг, влегуваме во парадигмата наречена “време“. Поради тоа информациите кои ги прибираме во својот ум, доколку свесно не пристапиме кон своето тело каде постојат главните причини кои го креираат квалитетот на нашите животни искуства, немаат длабоко значење за нашиот развој.

Зошто само размислувањето не е доволно?

Пред некое време случајно наидов на една метафора поврзана со потребата да се размислува за да се направи промена и свесниот пристап кон тоа што е. Замислете дека влегувате во еден авион кој го претставува вашето ментални ниво, додека вашиот живот се наоѓа на копното. Додека сте во авионот вие можете да размислувате , планирате и да се обидувате да промените нешто, но вашето животно исксутво не е во авионот, во авионот се наоѓа само сликата која би сакале да ја видиме, додека вистината е тоа што е доле. Можеби со размислување нешто ќе промениме, но ако ја запоставиме каузалната точка, емотивната содржина која се обидуваме да ја изманипулираме размислувајќи и да создадеме некое друго чувство, таа нема да исчезне туку ќе излезе повторно на некое друго поле во нашиот живот како во врските, здравјето, финансиите и сл. За да можеме да допреме до причината, потребно е да слетаме со авионот и да излеземе на копното каде ќе се соочиме со тоа што ќе ни донесе трајна внатрешна промена, а тоа е присутноста во нашиот живот која се постигнува преку присутноста во нашето тело. Присутност не можеме да постигнеме се додека се наоѓаме во нашето размислување за иднината и минатото, бидејќи тоа е концептот наречен време, кога живееме во времето, тогаш животните ситуации можат да бидат голем шок и изненадување за нас.Кога сме присутни тогаш можеме да бидеме и вистински одговорни за својот живот, ослободувајќи од потребата да го обвинуваме светот за нашите исксутва, која е израз на реактивност или недостаток на нашето присутво во својот живот.

Како човечки битија имаме одлична можност да го употребиме својот ум и да го усмеруваме своето внимание преку менталното ниво, а да креираме намера со енергијата која постои на емотивното ниво.Ние постојано го правиме тоа, кога се грижиме нашето внимание на ментално ниво се мислите, а енергијата која ги креира искуствата се неинтегрираните емоции кои го подржуваат мисловниот процес, а во тој случај тие емоции се нашата намера.Поради тоа свесноста за телото е една од најважните аспекти во нашиот развој.

Од каде можете да почнете…

Она што можете да го направите во овој момент е да ги затворите очите и почнете да дишете, ставете го фокусот на своето тело, почнете од рацете, нозете, градите и останатите делови од телото, обидете се да ја почувствувате енергијата во своето тело.Она што ќе го почувствувате е нежно струење, а исто така може да се соочите со напнатоста која постои во стомакот, градите или главата, обидете се да го препознаете тоа, почувствувајте ги тие емоции и прифатете ги во потполност.Кога сте присутни во телото, вие сте во контакт со своите емоции кои наликуваат како вода, такво е и нивното движење.

Некои од методите за враќање на присутноста во телото кои ги практикуваме на обуките Бесконечен потенцијал се свесното дишење, медитациите за враќање во сегашниот миг, shaking method-ата и танцот на присутвото, каде се фокусираме на внатрешното тело и со присутност и разбирање кон себе, учиме како да се прифатиме и исцелиме на подлабоко ниво.Кога ќе станеме физички присутни тогаш можеме да ги користиме методите за свесно манифестирање и позитивно усмерување на нашите животни искуства. Промената не се случува преку ноќ, сето тоа е еден прекрасен процес на будење на кој му е потребно време, каде учиме како да бидеме трпеливи и нежни кон самите себеси.

Со љубов,

Илина