fbpx

Ми се случи БУДЕЊЕ- “Бесконечен потенцијал“

Долго време работев на себе, се трудев да разберам што е тоа што треба да променам кај себе за да не се чувствувам “празно”. Гледав мотивациски видеа, читав книги, одев на едукации, медитирав, визуализирав и се тоа ми помогна да видам поширока слика, да ја подобрам комуникацијата со другите, но не и да се ослободам од внатрешното чувство на незадоволство. Се соочував со чести падови на расположението, безволност, не бев истрајна, имав потреба да се правдам, да објаснувам и да убедувам се додека не почувствувам дека сум разбрана, чувствував немир, дури и дома немав чувство на припадност.

Почнав да чувствувам нетрпеливост и реков ДОСТА Е неможам повеќе. Во еден разговор, една многу драга личност ми кажа само една реченица: ” Толку години вежбам јога, одев на випасана медитации, работев на себе и мислев дека се познавам. После обуката на Илина во Берово се чувствувам како да почнувам од нула. Да одиш.”. Се ми кажа! Пратив меил и Даниела ме исконтактира. Ми ги кажа сите детали, требаше само да направам уплата. После една недела ми излегоа непредвидени трошоци и ми се смени внатрешното чувство… “нешто” ми кажуваше не оди сега…и тоа траеше две недели…Одлучив дека не треба да одам. Така требало да биде. Тие неколку месеци поминав низ емоционален хаос и дојдов до точката на вриење. Ми се појави реклама на facebook дека се формира нова група за обуката за тренери Бесконечен потенцијал“ во Скопје. Истата секунда знаев дека сега е право време и одлуката беше донесена. Се јавив на Даниела и истиот ден направив уплата.

Одвај чекав да дојде денот да почнеме. Првиот ден Илина ми рече “НЕМОЈ НИШТО ДА ОЧЕКУВАШ….ПУШТИ, ШТО ТРЕБА ЌЕ СЕ СЛУЧИ”….. ја послушав и така беше.
Во тек на обуката времето не постоеше….Поубава енергија никогаш не сум почувствувала. Си реков: “Јана ништо неможеш да изгубиш.. опушти се”. Секоја вежба, секоја медитација што ја правевме ми отвараше увиди за мене и мојот живот….Какви процеси беа тоа… Воопшто не беше лесно. Се соочував со отпори, ми се јавуваа болки во телото, плачев, се борев со егото, го преживеав целиот терет што го носев години наназад, ја освестив вината што ја носев, простував, прифаќав, се заблагодарував…И разбрав дека ништо не е надвор од мене, дека животот е СЕГА и дека се почнува од љубовта кон себе! Колку и да звучи како позната фраза, на рационално ниво не значи ништо. Емоционалното освестување води до директна трансформација. Клучот за промена дефинитивно е во присутноста.
Кога се видов себе во својата суштина, кога се прифатив себе таква каква што сум, кога освестив дека ништо што се случувало не е случајно и дека се е дел од мојот пат, кога освестив дека ниедна личност во мојот живот не е случајна, кога вината кон родителите и партнерот ја заменив со искрена благодарност и ги прифатив такви какви што се, кога си простив себе за сите “грешки” во минатото, кога се ослободив од сите ограничувачки уверувања, кога ја почувствував безусловната љубов кон себе, ми се случи БУДЕЊЕ!

Многумина (и јас претходно) мислат дека за да се случи промена потребно е многу време, дека се мора да има објаснување зошто се случило, зошто баш мене ми се случило, кој е крив-јас или другиот, каде згрешив итн…Тоа е заглавување во мислите… Со години го правев.
Сега знам дека за да се случи промена потребно е да сакаш да се случи, да донесеш одлука, искрено да веруваш (дури и во чуда😀) и да бидеш присутен.
Од тој ден ништо не е исто!

Нема поубаво од чувството на внатрешен мир.
Промената е очигледна и сите од моето опкружување ја забележуваат.
Наидувам на коментари: Многу си чудна, на што “дрога си”; се радувам за тебе; многу си тивка, некои ме прашуваат што ми се случило, а има и такви кои мислат дека мозокот ми е испран и треба да се вратам во реалноста (секој од својата реалност) 😊 Интересна ми е реакцијата кога гледаат дека сум го надминала стравот и без проблем галам животни.
Она што јас можам да го кажам е дека секој ден станувам со насмевка, дека денот ми трае многу подолго, не ми е тешко да кажам НЕ, воопшто не живеам за другите и не ми треба потврда од другите за мојата вредност, многу помалку зборувам од претходно, убава ми е тишината. Имам разбирање за сите, сакам да помогнам но само ако побараат помош или ако одвнатре почувствувам дека треба, многу гушкам, задожително во денот одвојувам време за медитација, повеќе спијам и секој слободен ден го користам за дружење со природата.
Она што највеќе ме радува е што мојата промена влијае позитивно на моите најблиски а тоа ми е најважно.
Пресреќна сум, и прв пат во животот можам да кажам, сигурна сум дека сум на вистинскиот пат!
Секако дека има и моменти кои се во спротивност од сево ова, но реакцијата ми е сосема поинаква зошто знам дека таквите ситуации се предизвик и од нив најмногу се учи.
Искрено и од срце ќе кажам дека одлуката да присуствувам на обуката  “Креирај се себе си” беше мојата најдобра инвестиција.Се што се потрудив да напишам е премалку за да се објасни целокупното искуство. Ова не е обука за прибирање на информации, оваа обука е животно искуство! Оваа обука те учи како да бидеш ТИ, те враќа на твојата суштина и смислата на твојот живот.
Работам како социјален работник и менаџер во приватна установа за социјална заштита на стари лица и целокупното искуство од Обуката многу ми помага во работата со корисниците и нивните семејства, а најмногу во односот со колегите.

Апсолутно се гледам себе како тренер и сигурна сум дека во блиска иднина ќе се случи и мојата прва работилница. Илина, од срце ти благодарам што ме врати на мојот пат, што ме научи на важноста на присутноста, што ми помогна да се ослободам од емоционалниот товар, за целата љубов, поддршка и разбирање!
Даниела МАРИВА, Марија, Ирис, Ване, Фросе, Лиде, Даниела, Маја, Иван и Милица без Вас ништо немаше да биде исто! Љубов сте ми, чест ми е што Ве познавам! Со вас ќутењето на разни теми е БЛАГОСЛОВ 😁
Обуката “Креирај се себеси“ ја препорачувам само на оние кои се подготвени за вистинска и трајна промена , ова е вистинскиот избор.

Јана Јанева – Скопје